За Нас
Што претставува КОНКУРЕНТНОСТ.МК и за кого е наменет?
КОНКУРЕНТНОСТ.МК е веб страна наменета пред сé за компаниите, каде на лесен и едноставен начин тие можат да ги добијат сите информации поврзани со различни аспекти од нивното работење, можностите за финансиска и нефинансиска поддршка од буџетски програми/проекти или донаторски проекти (Програми, Проекти, Мерки, Јавни повици, Обуки, Кредитни линии, Водење бизнис, Закони …).
Овој портал, претставува едноставен и интегриран систем за информирање на деловната заедница, каде се интегрирани информации од повеќе институции за постојните програми и мерки за поттикнување на конкурентноста, објавени јавни повици и поважни следни настани.
Исто така, на оваа веб страна може да се најдат информации за законска регулатива, е-услуги, како и релевантни публикации – документи, анализи и статистика, кои вклучуваат стратешки документи, акциски планови, релевантни публикации, извештаи и други корисни информации од повеќе извори, кои ќе придонесат за подобрено информирање на фирмите, поврзани со разни аспекти од работењето.
Сите овие информации систематизирани на лесно достапен начин ќе понудат подобра информираност на бизнис заедницата, академската заедница, деловните консултанти, деловните здруженија и релеватните институции од јавниот сектор.
Оваа платформа ќе остане отворена за сугестии и континуирано дополнување.
На КОНКУРЕНТНОСТ.МК е поставенa и веб апликацијата КАЛКУЛАТОР која е поврзана со Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со оваа апликација фирмите може да се запознаат со мерките и да проверат дали ги исполнуваат условите за аплицирање. Официјалната аплицирање се реализира по писмен пат, со поднесување барање во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот – АСИПИРМ (за фирмите чие седиште е надвор од технолошко индустриските развојни зони) или Дирекција за технолошко индустриски развбојни зони – ДТИРЗ (за фирмите чие седиште е во технолошко индустриски развојни зони).
Зошто е развиен порталот КОНКУРЕНТНОСТ.МК?
Заради подобрено информирање на бизнис заедницата се собираат и систематизирано се прикажуваат информации поврзани со работењето на фирмите од повеќе аспекти. Информациите се однесуваат на политиките, програмите и мерките за подобрување на конкурентност кои се спроведуваат преку разни институции и донатори. На овој портал на лесен и прегледен начин може да се најдат сите информации од институциите кои имаат програми и мерки за поддршка на фирмите. Преку оваа веб страна лесно ќе се добијат информации за објавени јавни повици, формулари за аплицирање и други поврзани информации.
Основната цел на порталот е да го олесни информирањето на компаниите за програмите, за теми поврзани со нивното работење како и информации за мерките, проектите и активностите на Владата на Република Македонија и можностите кои ги нудат програмите/фондовите на ЕУ и останатата донаторската заедница, а кои се креирани за поттикнување и поддршка на нивната конкурентност.
Со обезбедување на сите достапни информации на едно место, КОНКУРЕНТНОСТ.МК ќе го зголеми квалитетот на информирање на компаниите и ќе ги поттикне да преземаат конкретни активности за подобрување на своето работење.
Кој управува со КОНКУРЕНТНОСТ.МК?
WWW.KONKURENTNOST.MK е веб портал кој е развиен и ќе биде оддржуван од Министерството за економија, со поддршка од Проект на ЕУ за Ревизија на индустриската политика.
Во обезбедување на материјалите кои се поставени на веб станата беа консултирани повеќе институции и донаторски проекти. Оваа пракса ќе продолжи и во иднина, со цел да се подобри информираноста на бизнис секторот и да се поддржи во неговиот раст.
Како да бидам континуирано информиран за новостите?
Кои информации може да ги добијам на веб страната?
- АКТИВНИ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ФИНАНСИСКА И НЕФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
- ДОКУМЕНТИ, АНАЛИЗИ И СТАТИСТИКА
- Е-СЕРВИСИ
- ЗАКОНОДАВСТВО
- КАЛЕНДАР ЗА НАСТАНИ, АРХИВА
- РЕЛЕВАНТНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ
- ДОНАТОРИ
- НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА
Новости
Mпонеделник | Tвторник | Wсреда | Tчетврток | Fпеток | Sсабота | Sнедела |
---|---|---|---|---|---|---|
28декември 28, 2020 | 29декември 29, 2020 | 30декември 30, 2020 | 31декември 31, 2020 | 1јануари 1, 2021 | 2јануари 2, 2021 | 3јануари 3, 2021 |
4јануари 4, 2021 | 5јануари 5, 2021 | 6јануари 6, 2021 | 7јануари 7, 2021 | 8јануари 8, 2021 | 9јануари 9, 2021 | 10јануари 10, 2021 |
11јануари 11, 2021 | 12јануари 12, 2021 | 13јануари 13, 2021 | 14јануари 14, 2021 | 15јануари 15, 2021 | 16јануари 16, 2021 | 17јануари 17, 2021 |
18јануари 18, 2021 | 19јануари 19, 2021 | 20јануари 20, 2021 | 21јануари 21, 2021 | 22јануари 22, 2021 | 23јануари 23, 2021 | 24јануари 24, 2021 |
25јануари 25, 2021 | 26јануари 26, 2021 | 27јануари 27, 2021 | 28јануари 28, 2021 | 29јануари 29, 2021 | 30јануари 30, 2021 | 31јануари 31, 2021 |