Стратегии и акциони планови

Icon
Strategjia Industriale me fokus mbi industrinë përpunuese
Icon
Индустриска стратегија на Република Македонија 2018-2027, со Акциски план
Icon
Industrial Strategy with a focus on the Manufacturing Sector - Republic of Macedonia June 2018
Icon
Влада на РМ - План за економски раст

Владата на Република Македонија е посветена на економскиот раст и развој во земјата. Во таа насока креирани се мерки за поддршка на стопанството, именувани како „План за економски раст“, поделени во три столба, чија главна цел е да се поттикнат инвестициите, технолошкиот развој и да се подигне конкурентноста на македонските компании.

Првите два столба од Планот, се спроведуваат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции, усвоен од Собранието на Република Македонија во мај 2018 година, додека мерките од третиот столб се спроведуваат преку имплементација на Среднорочната програма за поддршка на мали и средни претпријатија на Фондот за иновации и технолошки развој, со што се овозможува практична реализација на мерките од Планот за економски раст.

Icon
Национална стратегија за мали и средни претпријатија 2018 – 2023

Стратегијата ги дефинира основните стратешки цели и приоритети за понатамошно унапредување на претприемништвото и секторот на МСП во Република Македонија.

Icon
Програма на економски реформи 2018 – 2020

Програмата на економски реформи за 2018 - 2020 година претставува четврт ваков документ изработен согласно насоките дадени од страна на Европската комисија (ЕК). Програмата ја прикажува среднорочната макроекономска и фискална рамка, како и секторските структурни реформи за промовирање на конкурентноста и растот. Програмата е изработена во согласност со Програмата за работа на Владата на РМ 2017-2020 година, среднорочната Фискална стратегија за периодот 2018-2020 и Буџетот на Република Македонија за 2018 година, како и останатите национални стратешки документи. Исто така, програмата е во согласност со Стратегијата на ЕУ за брз, одржлив и сеопфатен економски развој „Европа 2020“, како и Стратегијата за Југоисточна Европа - ЈИЕ 2020 на Советот за регионална соработка наречена „Работни места и просперитет во европската перспектива“ која одблиску ја следи визијата на Стратегијата „Европа 2020“.

Icon
Стратегија за претприемачко учење 2014 – 2020

Претприемаштвото се препознава како една од најважните проблематики на модерната економија; меѓутоа, истовремено тоа е познато и како една од најсложените области. Стратегијата за претприемачко учење1 (ПУ) има за цел да ja зголеми самодовербата за претприемачките потфати на сите граѓани при што ќе ги оспособи да имаат целосна и ефективна улога во идниот развој на економијата и заедницата. Претприемаштвото претставува начин на размислување и однесување; се работи за идентификување на можностите, составување тим, обезбедување ресурси, како да се биде позитивен, како да се преземаат ризици и како да се создава подобра иднина.

Icon
Стратегија за иновации на Република Македонија 2012 – 2020

Стратегијата ги идентификува политиките и активностите кои ќе се имплементираат на поле на зајакнувањето на иновативноста и технолошката подготвеност на компаниите и развојот на капацитетите на човечкиот фактор соодветни за градење на економија базирана на знаење.

Icon
Стратегија за регионален развој на Република Македонија 2009-2019 година

Стратегијата ги дефинира стратешките цели и приоритети на политиката за поттикнување на рамномерен регионален развој во Република Македонија во периодот 2009 – 2019 година која се стреми кон постигнување рамномерен и одржлив развој на целата територија на Република Македонија.

Icon
Национална стратегија за одржлив развоj во Република Македонија 2009 – 2030

Стратегијата ги идентификува долгорочните фундаменти на развојот на Република Македонија до 2030  година во согласност со економската, еколошката и социјалната димензија на одржливоста.

Новости

ФИТР објави нови јавни повици
ФИТР објави нови јавни повици
Можност за финасирање проекти за енергетска ефикасност преку кредитна линија на ЕБОР преку Охридска, Комерцијална и Шпаркасе банка
Можност за финасирање проекти за енергетска ефикасност преку кредитна линија на ЕБОР преку Охридска, Комерцијална и Шпаркасе банка
Најнови вести за бизнис опкружување
Најнови вести за бизнис опкружување
Нова можност за пристап до финансии за малите и средни претпријатија преку ЕБОР
Нова можност за пристап до финансии за малите и средни претпријатија преку ЕБОР
Објавена КИП програма
Објавена КИП програма
Објавен повикот за IPA cross border
Објавен повикот за IPA cross border
Промоција на две нови брошури за иновации и финансирање
Промоција на две нови брошури за иновации и финансирање
previous arrow
next arrow

Events in септември 2023

понеделник вторник среда четврток петок сабота недела
август 28, 2023 август 29, 2023 август 30, 2023 август 31, 2023 септември 1, 2023 септември 2, 2023 септември 3, 2023
септември 4, 2023 септември 5, 2023 септември 6, 2023 септември 7, 2023 септември 8, 2023 септември 9, 2023 септември 10, 2023
септември 11, 2023 септември 12, 2023 септември 13, 2023 септември 14, 2023 септември 15, 2023 септември 16, 2023 септември 17, 2023
септември 18, 2023 септември 19, 2023 септември 20, 2023 септември 21, 2023 септември 22, 2023 септември 23, 2023 септември 24, 2023
септември 25, 2023 септември 26, 2023 септември 27, 2023 септември 28, 2023 септември 29, 2023 септември 30, 2023 октомври 1, 2023

Конкурентност.мк

Поддржано од

Битни Страници

  • Поддршка
  • Услуги
  • Контактирајте не

Контактирајте не

industry@economy.gov.mk

Јуриј Гагарин 15
1000 Скопје Р. Македонија