Legjislatura

Во овој дел се дадени линкови од повеќе институции, кои ги објавуваат законите во Република Македонија.

Службен весник на Република Македонија е најважна база на податоци на целата законска и подзаконска регулатива од 1945 година до денес. Оваа база е бесплатна. Содржината на службеното гласило “Службен весник на РМ“ ги опфаќа следните делови: · Службен дел: национална легислатива, Одлуки на Уставниот суд; · Огласен дел: објави на судски огласи, нотарски огласи, јавни повици за тендери, објави на други акти од причини на транспарентност и сл.; · Меѓународни договори (мултилатерални и билатерални); · Декларации, заеднички позиции и демарши на Европската унија кон кои се придружува/прифаќа Република Македонија на покана од Европската унија и · Резолуции на Советот за безбедност на ООН со кои се воведува, изменува или укинува режим на санкции против држави, ентитети или поединци

Единствениот национален електронски регистар на прописи на Република Македонија е платформа која содржи постојни прописи, но и предлог закони кои се во фаза на подготовка. Преку оваа платформа може во фазата на претставување на предлог законот, физичките и правните лица да даваат коментари, предлози и мислења, кои потоа ќе бидат разгледани од страна на креаторите на законите.

Бизнисрегулатива.мк е агрегатен веб бизнис портал кој е поддржан од УСАИД и имплементиран од ЕПИ Центар и четирите стопански комори. Тој е наменет за бизнис заедницата, за запознавaње со регулативата и сите други активности кои се реализираат во процесот на дијалог меѓу стопанските комори кои се активни во Република Македонија и Владата на Република Македонија. Претпријатијата имаат можност на едно место да се информираат, прашаат, самооценуваат, преку уникатни алатки кои се дизајнирани да им овозможат на претпријатијата брз пристап до информации, кои се од особена важност за нивната усогласеност со бизнис регулативата. Целта е да се овозможи подобрување на правната усогласеност, едукација, информирање и подобрување на јавно-приватен дијалог. Во публикацијата Прирачник за започнување и водење бизнис е даден преглед на клучната регулатива за водење бизнис.

Други страни каде се претставени законските решенија, систематизирани и објаснети се:

Европските закони и правилници се претставени на веб страната Eur Lex European Union ,n а повеќе корисни информации може да се најдат на следните веб страни:

Конкурентност.мк

Поддржано од

Битни Страници

  • Поддршка
  • Услуги
  • Контактирајте не

Контактирајте не

industry@economy.gov.mk

Јуриј Гагарин 15
1000 Скопје Р. Македонија