Корисни документи и прирачници
Основни информации за активностите на Европската унија за поттикнување и поддршка на локалниот и регионалниот развој. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Прирачникот има цел да им помогне на компаниите да донесат правилна одлука во врска со прашањето дали да се извезува или не. Наменет е, пред се за компаниите кои првпат влегуваат во извозен бизнис, но можат да го користат и напредните извозници, како потсетник во процесот на планирање и реализација на извозните активности.
Основни информации за активностите во рамки на Европската унија за олеснување на настапот на малите и средни претпријатија надвор од границите на нивните матични земји. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ
Во брошурата се дадени основни информации за веб порталот Export Helpdesk како клучен извор на информации за компаниите кои се заинтересирани да извезуваат на пазарот на ЕУ. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Краток преглед на образовните програми на Европската унија кои го поддржуваат и поттикнуваат вклучувањето на концептот на претприемништво во формалните и неформалните системи на едукација – високото образование и доживотното учење. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Преглед на иницијативите на Европската унија за поддршка и поттикнување на развојот на иновативноста на малите и средни претпријатија. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Прирачник за запознавање со основните концепти на интелектуалната сопственост и нејзината заштита, како и улогата која таа ја има во создавањето и зајакнувањето на малите, креативни и иновативни компании. Прирачникот е издаден од страна на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.
Информации за активностите на Европската унија за промовирање и заштита на правата од интелектуална сопственост, како битен предуслов за зајакнување на улогата на иновациите во растот и развојот на МСП. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Прирачник за запознавање со основните видови на индустриската сопственост (патент, индустриски дизајн, трговска марка, географски назив) и постапките за нивно признавање и заштита. Прирачникот е издаден од страна на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија и преземен од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Основни информации за договорот за лиценца како еден од важните инструменти за отстапување на права од индустриска сопственост. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Брошурата содржи информации за начинот и инструментите преку кои во Европската унија се олеснува административниот товар на процесот на усогласување на МСП со задолжителните еколошки стандарди. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.
Водичот за кластери има за цел да ги запознае претприемачите и сите други заинтересирани страни со придобивките од создавање на кластери, со процедурите за нивно формирање, како и да пренесе одредени специфични менаџерски знаења и искуства неопходни за организирање, управување и развој на успешен кластер. Тоа е практичен прирачник за сите стопанственици, развојни агенции и истражувачки институции коишто сакаат да се вклучат во новите светски економски текови, во процесот на поврзување и вмрежување по пат на кластери.
Преглед на легислативата и поддршката наменета за МСП за имплементациј на еколошки стандарди и мерки во Република Македонија. Прегледот е изготвен во рамки на Проектот GREEN финансиран од Европската унија.
Правниот водич нуди повеќе информации за инвеститорите од аспект на основање и отпочнување бизнис, вработување, даноци, реинвестирање, заштита на инвеститорите и затворање бизнис.
The Innovation Union Scoreboard 2014 е релевантен документ на Европската Комисија каде се дава сеопфатна анализа на иновациските перформанси и ефектите од кризата на земјите членки на ЕУ, повеќе европски земји – Исланд, Република Македонија, Норвешка, Србија, Швајцарија и Турција, како и споредба на глобално ниво. Иновативноста се следи според 8 дименизии и 25 индикатори.
Извештајот за глобална конкурентност (Clobal Competitiveness Report) e општо прифатен, како водечка светска споредбена анализа на аспектите што се однесуваат на економската конкурентност и растеж. Светскиот Економски Форум (CЕФ) врши анализи на факторите кои овозможуваат одржлив економски развој и долгорочен просперитет на светските економии. Заедно со Институтот за стратегија и конкурентност при Харвард, СЕФ го предводи процесот на создавање и пречистување на рангирањата на конкурентноста што се прават во Извештајот
Овој извештај на Светска банка го мери напредокот на 189 земји од аспект на реформите на деловното опкружување со посебен фокус на малите и средни претпријатија. Анализите се класифицирани во 11 области (индикатори). Извештајот и рангирањата даваат можност за индивидуални и компаративни анализи наменети за креаторите на политиките, потенцијалните инвеститори и истражувачите.
Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот издаде прв број на електронски информатор, кој претставува ново издание преку кој ќе се информираат компаниите за сите новости и активности кои се поврзани со извозот и ќе вклучува информирање не само за активностите на Агенцијата, туку и за останатите државни институции, стопански комори и донаторски проекти кои превземаат активности во областа на извозот. Значајно е што во секој број ќе бидат претставувани успешни примери на домашните компании извозници кои ќе го споделуваат своето искуство и ќе даваат корисни совети како компаниите да се подготват и да реализираат извозни активности. Агенцијата почнувајќи од јануари 2013 година планира да го објавува овој електронски информатор на квартална основа на www.investinmacedonia.com.