Корисни документи и прирачници

Icon
Основи на интелектуална сопственост за мали и средни претпријатија

Прирачник за запознавање со основните концепти на интелектуалната сопственост и нејзината заштита, како и улогата која таа ја има во создавањето и зајакнувањето на малите, креативни и иновативни компании. Прирачникот е издаден од страна на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија и Фондацијата за менаџмент и индустриско истражување.

Icon
Заштита на интелектуалната сопственост

Информации за активностите на Европската унија за промовирање и заштита на правата од интелектуална сопственост, како битен предуслов за зајакнување на улогата на иновациите во растот и развојот на МСП. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.

Icon
Заштита на правата од индустриска сопственост (прирачник)

Прирачник за запознавање со основните видови на индустриската сопственост (патент, индустриски дизајн, трговска марка, географски назив) и постапките за нивно признавање и заштита. Прирачникот е издаден од страна на Европскиот информативен и иновативен центар во Македонија и преземен од Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.

Icon
Отстапување на правото од индустриска сопственост - ЛИЦЕНЦА

Основни информации за договорот за лиценца како еден од важните инструменти за отстапување на права од индустриска сопственост. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.

Icon
МАЛИ, ЧИСТИ И КОНКУРЕНТНИ – Програма за помош при усогласување на законодавството за еколошка заштита за мали и средни претпријатија

Брошурата содржи информации за начинот и инструментите преку кои во Европската унија се олеснува административниот товар на процесот на усогласување на МСП со задолжителните еколошки стандарди. Брошурата е преземена од Enterprise Europe Network - EEN преку Агенцијата за поддршка на претприемништвото на РМ – АППРМ.

Icon
Водич за кластери

Водичот за кластери има за цел да ги запознае претприемачите и сите други заинтересирани страни со придобивките од создавање на кластери, со процедурите за нивно формирање, како и да пренесе одредени специфични менаџерски знаења и искуства неопходни за организирање, управување и развој на успешен кластер. Тоа е практичен прирачник за сите стопанственици, развојни агенции и истражувачки институции коишто сакаат да се вклучат во новите светски економски текови, во процесот на поврзување и вмрежување по пат на кластери.

Icon
Постојни еколошки мерки за поддршка на МСП од прехранбената индустрија и секторите за производство на градежни материјали

Преглед на легислативата и поддршката наменета за МСП за имплементациј на еколошки стандарди и мерки во Република Македонија. Прегледот е изготвен во рамки на Проектот GREEN финансиран од Европската унија.

Icon
Правен водич за инвеститорите

Правниот водич нуди повеќе информации за инвеститорите од аспект на основање и отпочнување бизнис, вработување, даноци, реинвестирање, заштита на инвеститорите и затворање бизнис.

Icon
Innovation Union Scoreboard 2014

The Innovation Union Scoreboard 2014 е релевантен документ на Европската Комисија каде се дава сеопфатна анализа на иновациските перформанси и ефектите од кризата на земјите членки на ЕУ, повеќе европски земји – Исланд, Република Македонија, Норвешка, Србија, Швајцарија и Турција, како и споредба на глобално ниво. Иновативноста се следи според 8 дименизии и 25 индикатори.

Icon
WEF - The Global competitiveness report 2013-2014

Извештајот за глобална конкурентност (Clobal Competitiveness Report) e општо прифатен, како водечка светска споредбена анализа на аспектите што се однесуваат на економската конкурентност и растеж. Светскиот Економски Форум (CЕФ) врши анализи на факторите кои овозможуваат одржлив економски развој и долгорочен просперитет на светските економии. Заедно со Институтот за стратегија и конкурентност при Харвард, СЕФ го предводи процесот на создавање и пречистување на рангирањата на конкурентноста што се прават во Извештајот

Icon
World Bank Doing Business Report 2014

Овој извештај на Светска банка го мери напредокот на 189 земји од аспект на реформите на деловното опкружување со посебен фокус на малите и средни претпријатија. Анализите се класифицирани во 11 области (индикатори). Извештајот и рангирањата даваат можност за индивидуални и компаративни анализи наменети за креаторите на политиките, потенцијалните инвеститори и истражувачите.

    Новости

    ФИТР објави нови јавни повици
    Можност за финасирање проекти за енергетска ефикасност преку кредитна линија на ЕБОР преку Охридска, Комерцијална и Шпаркасе банка
    Најнови вести за бизнис опкружување
    Нова можност за пристап до финансии за малите и средни претпријатија преку ЕБОР
    Објавена КИП програма
    Објавен повикот за IPA cross border
    Промоција на две нови брошури за иновации и финансирање
    previous arrow
    next arrow
    Slider
    октомври 2021
    понеделник вторник среда четврток петок сабота недела
    септември 27, 2021 септември 28, 2021 септември 29, 2021 септември 30, 2021 октомври 1, 2021 октомври 2, 2021 октомври 3, 2021
    октомври 4, 2021 октомври 5, 2021 октомври 6, 2021 октомври 7, 2021 октомври 8, 2021 октомври 9, 2021 октомври 10, 2021
    октомври 11, 2021 октомври 12, 2021 октомври 13, 2021 октомври 14, 2021 октомври 15, 2021 октомври 16, 2021 октомври 17, 2021
    октомври 18, 2021 октомври 19, 2021 октомври 20, 2021 октомври 21, 2021 октомври 22, 2021 октомври 23, 2021 октомври 24, 2021
    октомври 25, 2021 октомври 26, 2021 октомври 27, 2021 октомври 28, 2021 октомври 29, 2021 октомври 30, 2021 октомври 31, 2021

    Конкурентност.мк

    Поддржано од

    Битни Страници

    • Поддршка
    • Услуги
    • Контактирајте не

    Контактирајте не

    industry@economy.gov.mk

    Јуриј Гагарин 15
    1000 Скопје Р. Македонија