E – services

Во овој дел се дадени линкови до платформите кои обезбедуваат електронски услуги за фирмите и граѓаните.

EXIM.GOV.MK е платформа, која функционира како Едношалтерскиот систем за дозволи за увоз, извоз и транзит на стоки и тарифни квоти – EXIM. EXIM e електронски систем кој го користат 16 институции кои имаат надлежности во областа на надворешно-трговското работење.која обезбедува информации за извозниците. Оваа страна е управувана од страна на Царинската управа на Република Македонија.
EXIM овозможува пребарување според тарифниот број на стоката и добивање информации за тоа кои дозволи се потребни за увоз, извоз или транзит, исто така EXIM овозможува електронско поднесување на барањата за дозволи за увоз, извоз и транзит од страна на деловната заедница, како и електронско издавање на дозволите од страна на надлежните институции.

USLUGI.GOV.MK претставува единствена точка за пристап до информациите за услугите кои Владата на Република Македонија ги нуди на граѓаните и бизнисите, а е резултат на заложбите на Владата на Република Македонија за поефикасна и потранспарентна работа на администрацијата преку овозможување на јавна презентација на услугите кои се ориентирани кон граѓаните и деловните субјекти.
Потребата за воспоставување на порталот uslugi.gov.mk дополнително се наметна по усвојувањето на првата фаза од законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и обврската за транспарентност во работата на органите на државната управа, која е утврдена во Законот за организација на работа на органите на државната управа, каде своите надлежности ги извршуваат врз основа на начелата на законитост, одговорност, ефикасност, економичност, транспарентност, еднаквост и предвидливост.

Електронскиот систем за јавни набавки има за цел подигање на транспарентноста и отчетноста во процесот на јавните набавки. На ЕСЈН се наоѓаат информации за објавени огласи за јавни набавки, доделените договори за јавни набавки за постапките за доделување на договор за јавни набавки, како и многу други поврзани информации при што целокупната јавност ќе има увид во истите.

Системот за е-концесии има за цел да го олесни процесот на доделување на концесии за детални геолошки истражувања и експлоатација на минерални суровини. Истиот овозможува едноставно, брзо и ефикасно поднесување на апликација по одреден оглас. Користењето на овој Систем овозможува заштеда на време, намалени трошоци на поднесување на апликација, со приложување на дигитални верзии на потребната документација, како и тоа да се аплицира во било кое време, без запазување на работното време на институциите. Покрај тоа, Системот нуди транспарентност во целиот процес на доделување на концесии. За секоја фаза известувањето е автоматски преку доставување на електронска пошта.

Е-УСЛУГИ на Службен весник на Република Македонија овозможува електронска објава на изгубен документ, нарачка за претплати и нарачки на изданија.

Е-УСЛУГИ на Централен регистар на Република Македонија опфаќаат – дистрибутивен систем, провери големина на правен субјект, резервација на назив на правен субјект, пребарување на објава на ликвидација на правен субјект, пребарување на објава на вонсудска спогодба, пребарување на правни субјекти, адресни податоци, поднеси годишна сметка, регистрирај директна инвестиција, е-регистрација, е-задолжница, е-залог, е-лизинг, е-фидуција, е-продажба, стечајни постапки, е-потврди.
Така на пример, уписот за основањето на фирма во Централниот регистар на РМ се врши исклучиво по електронски пат (Систем за е-регистрација) преку регистрациони агенти.

Е-УСЛУГИ од Агенција за катастар на недвижности опфаќаат во делот катастрски производи – имотен лист, извод од катастарски план, катастарски планови, список на индикации; во делот административни граници – административни граници и административни граници – генерализирани; а има повеќе услиги и во областите: картографски продукти; геодетски точки; WMS сервиси.

Електронскиот систем на Агенцијата за вработување на Република Македонија нуди можности за физички и правни лица.Преку веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија, граѓаните можат:

• Да пребаруваат во огласите за слободни работни места (ППР обрасци поднесени од работодавачите)

• Да излистаат историја на своте вработувања (регистрирани работни односи). За да го користат електронскиот систем на Агенцијата за вработување за оваа намена, лицата треба да бидат регистрирани во системот на Агенцијата за вработување.
Правни лица (работодавачи) Преку веб страната на Агенцијата за вработување на Република Македонија, работодавачите од приватниот сектор можат:

• Да огласат слободно работно место (да поднесат ППР образец)

• По претходно поднесен ППР образец, да пријават засновање на работен однос (да поднесат М1 образец)

• Да одјават работен однос (да поднесат М2 образец)

За да го користат електронскиот систем на Агенцијата за вработување за оваа намена, работодавачите треба поседуваат дигитален сертификат (електронски потпис).

Во овој дел е претставена и апликацијата КАЛКУЛАТОР што претставува информативна платформа и алатка за запознавање со мерките предвидени во Законот за финансиска поддршка на инвестиции, со можност за пресметка на можна поодршка по секоја мерка пооделно, но и интерирано за сите мерки.
Официјалното аплицирање, согласно Законот се реализира преку Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот и Дирекција за технолошко, индустриски развојни зони.

Конкурентност.мк

Поддржано од

Битни Страници

  • Поддршка
  • Услуги
  • Контактирајте не

Контактирајте не

industry@economy.gov.mk

Јуриј Гагарин 15
1000 Скопје Р. Македонија