About Us

Што претставува КОНКУРЕНТНОСТ.МК и за кого е наменет?

КОНКУРЕНТНОСТ.МК е веб страна наменета пред сé за компаниите, каде на лесен и едноставен начин тие можат да ги добијат сите информации поврзани со различни аспекти од нивното работење, можностите за финансиска и нефинансиска поддршка од буџетски програми/проекти или донаторски проекти (Програми, Проекти, Мерки, Јавни повици, Обуки, Кредитни линии, Водење бизнис, Закони …).

Овој портал, претставува едноставен и интегриран систем за информирање на деловната заедница, каде се интегрирани информации од повеќе институции за постојните програми и мерки за поттикнување на конкурентноста, објавени јавни повици и поважни следни настани.

Исто така, на оваа веб страна може да се најдат информации за законска регулатива, е-услуги, како и релевантни публикации – документи, анализи и статистика, кои вклучуваат стратешки документи, акциски планови, релевантни публикации, извештаи и други корисни информации од повеќе извори, кои ќе придонесат за подобрено информирање на фирмите, поврзани со разни аспекти од работењето.

Компаниите користејќи ја оваа страна ќе бидат информирани за сите нови активности кои се релаизираат од страна на министерствата и другите институции поврзани со поддршка на фирмите.

Сите овие информации систематизирани на лесно достапен начин ќе понудат подобра информираност на бизнис заедницата, академската заедница, деловните консултанти, деловните здруженија и релеватните институции од јавниот сектор.

Оваа платформа ќе остане отворена за сугестии и континуирано дополнување.

На КОНКУРЕНТНОСТ.МК е поставенa и веб апликацијата КАЛКУЛАТОР која е поврзана со Законот за финансиска поддршка на инвестиции. Со оваа апликација фирмите може да се запознаат со мерките и да проверат дали ги исполнуваат условите за аплицирање. Официјалната аплицирање се реализира по писмен пат, со поднесување барање во Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот – АСИПИРМ (за фирмите чие седиште е надвор од технолошко индустриските развојни зони) или Дирекција за технолошко индустриски развбојни зони – ДТИРЗ (за фирмите чие седиште е во технолошко индустриски развојни зони).

Зошто е развиен порталот КОНКУРЕНТНОСТ.МК?

Заради подобрено информирање на бизнис заедницата се собираат и систематизирано се прикажуваат информации поврзани со работењето на фирмите од повеќе аспекти. Информациите се однесуваат на политиките, програмите и мерките за подобрување на конкурентност кои се спроведуваат преку разни институции и донатори. На овој портал на лесен и прегледен начин може да се најдат сите информации од институциите кои имаат програми и мерки за поддршка на фирмите. Преку оваа веб страна лесно ќе се добијат информации за објавени јавни повици, формулари за аплицирање и други поврзани информации.

Основната цел на порталот е да го олесни информирањето на компаниите за програмите, за теми поврзани со нивното работење како и информации за мерките, проектите и активностите на Владата на Република Македонија и можностите кои ги нудат програмите/фондовите на ЕУ и останатата донаторската заедница, а кои се креирани за поттикнување и поддршка на нивната конкурентност.

Со обезбедување на сите достапни информации на едно место, КОНКУРЕНТНОСТ.МК ќе го зголеми квалитетот на информирање на компаниите и ќе ги поттикне да преземаат конкретни активности за подобрување на своето работење.

Кој управува со КОНКУРЕНТНОСТ.МК?

Веб порталот го хостира и уредува Министерството за економија во име на Владата на Република Македонија, а во неговото ажурирање учествуваат со информации сите институции на Владата на Република Македонија кои во рамки на своите надлежности имплементираат програми и проекти за поддршка на зголемувањето на конкурентноста на деловната заедница.

WWW.KONKURENTNOST.MK е веб портал кој е развиен и ќе биде оддржуван од Министерството за економија, со поддршка од Проект на ЕУ за Ревизија на индустриската политика.

Во обезбедување на материјалите кои се поставени на веб станата беа консултирани повеќе институции и донаторски проекти. Оваа пракса ќе продолжи и во иднина, со цел да се подобри информираноста на бизнис секторот и да се поддржи во неговиот раст.

Како да бидам континуирано информиран за новостите?

За прв пат се промовира можноста компаниите да можат да се регистрираат (оставајќи контакт детали и валидна е-маил адреса) и да се пријават дека се заинтересирани да добиваат известувања за новости на страната. На овој начин фирмите сите нови информации на веб страната треба да ги добиваат автоматски по електронска пошта.

Кои информации може да ги добијам на веб страната?

  1. АКТИВНИ ЈАВНИ ПОВИЦИ ЗА ФИНАНСИСКА И НЕФИНАНСИСКА ПОДДРШКА
  2. ДОКУМЕНТИ, АНАЛИЗИ И СТАТИСТИКА
  3. Е-СЕРВИСИ
  4. ЗАКОНОДАВСТВО
  5. КАЛЕНДАР ЗА НАСТАНИ, АРХИВА
  6. РЕЛЕВАНТНИ ОРГАНИЗАЦИИ И ИНСТИТУЦИИ
  7. ДОНАТОРИ
  8. НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА

News

ФИТР објави нови јавни повици
ФИТР објави нови јавни повици
Можност за финасирање проекти за енергетска ефикасност преку кредитна линија на ЕБОР преку Охридска, Комерцијална и Шпаркасе банка
Можност за финасирање проекти за енергетска ефикасност преку кредитна линија на ЕБОР преку Охридска, Комерцијална и Шпаркасе банка
Најнови вести за бизнис опкружување
Најнови вести за бизнис опкружување
Нова можност за пристап до финансии за малите и средни претпријатија преку ЕБОР
Нова можност за пристап до финансии за малите и средни претпријатија преку ЕБОР
Објавена КИП програма
Објавена КИП програма
Објавен повикот за IPA cross border
Објавен повикот за IPA cross border
Промоција на две нови брошури за иновации и финансирање
Промоција на две нови брошури за иновации и финансирање
previous arrow
next arrow

Events in June 2023

Monday Tuesday Wednesday Thursday Friday Saturday Sunday
May 29, 2023 May 30, 2023 May 31, 2023 June 1, 2023 June 2, 2023 June 3, 2023 June 4, 2023
June 5, 2023 June 6, 2023 June 7, 2023 June 8, 2023 June 9, 2023 June 10, 2023 June 11, 2023
June 12, 2023 June 13, 2023 June 14, 2023 June 15, 2023 June 16, 2023 June 17, 2023 June 18, 2023
June 19, 2023 June 20, 2023 June 21, 2023 June 22, 2023 June 23, 2023 June 24, 2023 June 25, 2023
June 26, 2023 June 27, 2023 June 28, 2023 June 29, 2023 June 30, 2023 July 1, 2023 July 2, 2023

Конкурентност.мк

Поддржано од

Битни Страници

  • Поддршка
  • Услуги
  • Контактирајте не

Контактирајте не

industry@economy.gov.mk

Јуриј Гагарин 15
1000 Скопје Р. Македонија