Анализи
МСП се значајни креатори на работни места и економскиот раст воопшто. Посебно динамичните и развојно ориентирани МСП интегрирани во глобален ланец на вредности, се клучни за развој на продуктивноста, иновативноста и конкурентноста. Анализата на состојбите во МСП и нивото на имплементација на Актот за мали бизниси се однесува на земјите од ЈИЕ и Турција. Оваа анализа треба да им послужи на креаторите на политики и други чинители во процесот на оценка и дизајнирање на ефективни политии за МСП.
Supporting an Innovation Agenda for the Western Balkans - Tools and Methodologies
Овој извештај дава преглед на активностите на Заедничкиот истражувачки центар од Европската Комисија во поддршка на Иновативната Агенда за Западен Балкан, која се реализира заеднички со Директоратот за соседство и проширување - Directorate General for Neighbourhood and Enlargement Negotiations (DG NEAR). Овој извештај опфаќа преглед на сегашната ситуација во контекст на економскиот, иновативен и истражувачки потенцијал на земјите од Западен Балкан, презентирајќи алатки и методологии кои може да бидат корисни за претстојните предизвици.
Успешната структурна трансформација на економиите на Западен Балкан, водена од иновации треба да се базира на добро разбирање на постојните економски карактеристики.
Study on existing business linkages between SMEs from the European Union and the Western Balkans: A focus on FDI in manufacturing sectors
Овој извештај се фокусира на постојните деловни врски меѓу МСП од ЕУ и Западен Балкан со посебен осврт на странските инвестиции од страна на МСП од Европската Унија од преработувачката индустрија, во шесте земји од Западен Балкан. Во извештајот се дадени следните информации:
• Мапирање на СДИ во преработувачка индустрија во Западен Балкан;
• Анализа на клучните под сектори во преработувачката индустрија;
• Специфични анализи на земјите;
• Анализа на три студии на случај за МСП од ЕУ;
• Заклучоци и препораки.
Овој Извештај на Светска Банка е дел од серијата економски извештаи за регионот и дава преглед на економските индикатори, економските политики и специфичните фактори кои влијаат на растот на економиите во земјите од Западен Балкан. http://www.worldbank.org/en/region/eca/publication/western-balkans-regular-economic-report
Овој Извештај на ОЕЦД е второ издание и претставува преглед на конкурентноста на земјите од ЈИЕ. Ова е сеопфатен преглед на политиките, регулативите и инвестициите во ЈИЕ, што претставува основа за креирање политики за структурни реформи. Се анализираат квантитативни и квалитативни информации во 17 клучни области, поделени во 600 индивидуални индикатори, а се дава и јасна компарација на политиките меѓу земјите од регионот и просекот на ЕУ и ОЕЦД.
Овој Извештај изработен за потребите на Европската инвестициона банка, претставува дел од серијата за Западен Балкан. Во Извештајот се дава оценка на финансиските потреби на фирмите од Република Македонија и се идентификуваат пазарните пропусти кои имаат ограничувачко влијание за МСП до полесен пристап до финансии.
Во создавањето на модел за раст базиран на иновации и извозна ориентација, потребни се значителни промени во политиките и ангажман од институциите. Во овој извештај е направена анализа на еко-системот на ризичен капитал како извор за пристап до финансии за поддршка на развојот на малите и средни иновативни претпријатија, идентификувајќи ги состојбите, актерите и предизвиците.
Извештајот на Светска банка, дава сеопфатна анализа на македонската економија, обидувајќи се да ги идентификуваат можностите за забрзување на растот, анализирајќи ги ограничувачките фактори и можностите, како основа за понатамошна дискусија и дефинирање следни проекти.
- 1
- 2