Анализи
Пилот-програма за развој на добавувачи (SDP) беше дизајнирана на барање на Владата на Република Македонија, а имплементирана од работната група во Владата со поддршка од Светската банка и Меѓународната финансиска корпорација.
Програмата имаше за цел да ги стимулира врските меѓу локалните МСП и големите странски компании кои работат во земјата. Програмата пилотира група на насочени и координирани интервенции за поддршка на локалните МСП за зголемување на нивната софистицираност, поефикасно конкурирање и интегрирање во глобалните и регионалните синџири на снабдување на големите странски компании лоцирани во и надвор од технолошко индустриски развојни зони (TIDZs).
Овој прирачник ги идентификува клучните фактори за успех во спроведувањето на СДП, го разгледува меѓународното искуство со СДП и го опишува пристапот до програмата во земјата, така што може да се искористи и да се реплицира и од страна на другите заинтересирани страни.
https://openknowledge.worldbank.org/handle/10986/29428
Во текот на последните две децении, последователните влади и бизнис лидери во земјата активно работеа на трансформација на економијата во земјата ставајќи ја на повисока траекторија за раст базирана на технологија. За мала земја, со ограничен домашен пазар и слаба индустриска база, неопходна е градење на приватен сектор кој е конкурентен, извозно ориентиран и интегриран во глобалните синџири на вредности.
Овој извештај ги опишува параметрите на интензивните реформи и напорите за промоција на инвестиции, кои започнаа пред една деценија и придонесоа кон градење на производството базирано на технологија со повисока додадена вредност, со посебен фокус на производството на автомобилски делови.
Голем дел од извештајот е преглед на изминатиот период , како и резултатите кои беа постигнати. Меѓутоа, се предлагаат и идните чекори.
https://openknowledge.worldbank.org/handle/10986/29427
Прилично мала економија, како што е македонската, ќе има одржлив раст и развој доколку нејзината потрошувачка и инвестициитенавистина се развиваат заедно со растот на трговскиот сектор, а со тоа и на извозот. Тоа бара натамошни промени во макро-билансите кои допрва треба да се спроведат.
Toa ќе бара одредени приспособувања на политиките, и во однос на макро-политиките, и кога станува збор за структурните реформи. Во оваа студија подготвена од Виенскиот институт за меѓународни економски студии, предводена од д-р Владимир Глигоров, е дадена детална анализа на македонскиот извоз со конкретни насоки за подобрување.
Tracking Special Economic Zones in the Western Balkans: Objectives, Features and Key Challenges
Овој Извештај на ОЕЦД е прв обид за систематско собирање на едно место на различните искуства на шесте економии од Западен Балкан кои се предмет на анализа во студијата, а се поврзани со детали за специјалните економски зони во секоја од нив, како тие се користат, ефективноста и придонесот кон одржливиот развој. Се прави обид за одговор на две клучни прашања:
- Кои погодности се нудат во СЕЗ во Западен Балкан?
- Влијанието на зоните врз СДИ во регионот?
Овој Извештај на НБРМ се фокусира на анализа на ефектите на Слободните економски зони, или технолошко-индустриските развојни зони (ТИРЗ), кои претставуваат алатка во стратегиите за економски раст на земјите, особено на економиите во развој, главно преку можноста за зајакнување на нивната индустриска конкурентност.
Во анализата е направена оцената на економските ефекти од компаниите коишто работат во индустриските зони, користејќи податоци од годишните финансиски извештаи на компаниите обезбедени од Централниот регистар. Исто така, се прави процена на опортунитетниот фискален трошок на државата, но само врз основа на потенцијалните обврски на овие компании за персонален данок на доход и данокот на добивка. Последниот дел од анализата претставува обид за интегрална анализа на трошоците и придобивките (анг. cost-benefit), со обид за вклучување на финансиски најрелевантните текови поврзани со компаниите од индустриските зони.
- 1
- 2