SI TA SHFRYTËZONI UEB PORTALIN KONKURENTNOST.MK
 
INSTITUCIONET/PROGRAMET /PROJEKTET
LËMI TË PËRKRAHJES
FONDET E BE DHE PËRKRAHJA DONATORE
THIRRJE PUBLIKE
 
 
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки
 
  
 
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област Б, мерка 1, точка 1.2  од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, (Службен весник на Република Македонија бр. 2/2016), Министерството за економија
 
 
Објавува
ЈАВЕН ПОВИК
за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки
I
Предмет на Јавниот повик  е  кофинансирање за организирање на специјализирани обуки – длабински и детални технолошки обуки во следните сектори: автомобилска, текстилна, прехрамбена и металопреработувачка индустрија од страна на Министерството  за економија, во согласност со Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016, дел II, област Б, мерка 1, точка 1.2  („Службен весник на Република Македонија“ бр. 2/2015), во износ од 300.000 денари.
II
На Јавниот повик може да се пријават сите  правни лица кои ги исполнуваат условите.
III
Министерството за економија ќе го кофинансира организирањето на следните специјализирани обуки – длабински и детални технолошки обуки во индустриските сектори: автомобилска, текстилна, прехрамбена и металопреработувачка индустрија:
-   за текстилната индустрија:
·   Обука за конструкција и моделирање кроеви (напредно ниво);
-   за автомобилската индустрија:
·   Обука за алатничари во производство;
 
 
 
-   за металопреработувачката индустрија:
·   Обука за техники и технологии за електролачни постапки на заварување;
-   за прехрамбената индустрија:
·   Обука за технологија на ферментирани млечни производи;
IV
                   Пријавите за организирање и реализирање на обуките се поднесуваат до 01.09.2016 година. Постапката за доделување на средствата е содржана во Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, објавена на web-страната на Министерството за економија. Во прилог на барањето, корисникот на средствата треба да ја достави следнава документација:
 
1.        Решение за регистрација или тековна состојба од Централен регистар (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот) не постар од 6. месеци
2.        Документ за регистрирана дејност -ДРД образец од Централен регистар, (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот) не постар од 6. месеци
3.        Доказ за економско финансиска состојба на правното лице од Централен регистар,  (оригинал или копија со печат и потпис на поднесувачот) не постар од 6. месеци
4.        План / програма за организирање на обуката
5.        Потврда за подмирени јавни давчки од УЈП
6.        Уплатници од  -  50,00 и 250,00  денари (за административни такси)
V
За  активностите од област Б, мерка 1, точка 1.2. од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година,  делот на трошоците за оваа намена ги надоместува Министерството за економија во висина од 75% од докажаните трошоци за организација и реализација на обуките.
VI
Пријавувањето за организирање и реализирање на обуките треба да биде поeдинечно, за секоја обука во секој од наведените индустриски сектори.  Минималниот потребен капацитет на реализаторите на обуката е следен:
 
 
 
Квалификациска структура:
-       Најмалку два доктори на науки со минимум пет години едукативно и практично искуство во темите за обука. Компетенциите и искуството мора да се покаже со релевантни докази и
-       Најмалку два дипломирани инженери (од секоја наведена индустриска област) со минимум пет години искуство во областа
Простор и реализација на обуката, опрема и помагала:
-       Најмалку една просторија со минимум 40 места за слушатели, опремена со современи средства за презентација;
-       Простор за практична обука (лабораторија/хала) со опрема за испитување/надгледување на процес;
-       Едукативен материјал на високо професионално ниво;
-       Услови за проверка на знаењата;
-       Времетраење на обуките во согласност со проблематиките кои се обработуваат по поодделните индустриски сектори.
 
Пријавите за доделување на средствата се разгледуваат во Министерството за економија, а Одлука за доделување на средствата донесува Министерот,  по што следува потпишување на Договор со корисникот на средствата.
Корисникот на доделените неповратни средства должен е да поднесе докази за наменско користење на средствата, по реализација на обуката.
VII
Пријавата за учество на Јавниот повик се поднесува до Министерството за економија, ул: Јуриј Гагарин, бр.15 – Скопје.
Непотполните пријави нема да се разгледуваат.
VIII
Трошоците наменети за реализација на област Б, мерка 1, точка 1.2. од Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво за 2016 година, ќе им бидат исплатени на апликантите, по реализацијата на обуките и во зависност од расположивите средства во Буџетот.
 
 
RISI DHE KUMTESA
 
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 14-11-2017

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
СООПШТЕНИЕ за продолжување на рокот на Јавниот повик за поддршка на патенти / 03-08-2016

СООПШТЕНИЕ
Министерството за економија ги известува заинтересираните физички лица дека рокот за аплицирае на објавениот ...
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 22-06-2016

  
 
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании / 15-04-2016



Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, ...
Објавен Јавен повик за поддршка на брзорастечки фирми Газели преку грант до 615.000,00 денари по работодавач / 12-02-2016

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за програми и мерки ...
Нови можности за финансирање на иновативни компании преку Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ / 09-02-2016

më tepër

më tepër risi dhe kumtesa  
 

Ministria e ekonomisë e Republikës së Maqedonisë

KONKURENTNOST.MK – Ueb portali qendror për informim të bashkësisë afariste për mundësitë për përkrahjen e konkurrencës
 

Ueb portali është i përpunuar me ndihmë të Projektit të USAID për avancimin e investimit dhe të eksportit.
Informacionet e botuara në këtë ueb faqe nuk i shprehin qëndrimet e Agjencisë së Shteteve të Bashkuara të Amerikës për zhvillim ndërkombëtar ose të Qeverisë së SHBA.