6 Конкурентност.МК
 
 
КАКО ДА ГО КОРИСТИТЕ ВЕБ ПОРТАЛОТ КОНКУРЕНТНОСТ.МК
 
Институции / Програми / Проекти
Области на поддршка
ЕУ фондови и донаторска поддршка
Јавни повици
 
 
ДЕТАЛЕН ПРЕГЛЕД НА МЕРКА
 
ПРОГРАМА: Програма за конкурентност, иновации и претприемништво за 2017 година
 
ОПШТИ ПОДАТОЦИ ЗА МЕРКАТА
 
Поддршка за зголемување на конкурентноста на македонската индустрија

 1.1 Надоместување на дел од трошоците  на деловните субјекти за развој на деловниот субјект, развој на производ  и развој на пазар  во вкупен износ од 900.000,00 денари.

Предмет на мерката е надоместување на дел од трошоците на деловните субјекти  и тоа во износ од  75 % од докажаните трошоци на деловните субјекти, но не повеќе од 180.000,00 денари поединечно за секој деловен субјект – барател на средствата за следните активности:

1.1.1         Изработка на нови организациони модели врз основа на ИКТ;

1.1.2        Изработка на техничка документација за нов производ односно за подобрување на постојниот производ;

1.1.3        Изработка на идејно решение и/или печатење на: нова амбалажа, етикетирање, лого на производ и промотивни печатени материјали;

1.1.4        Изработка на студии за истражување на пазарот и/или маркетинг стратегија и/или  активности за развој на бренд;

1.1.5        Изработка на проекти за енергетска ефикасност и/или воведување на стандард за енергетски менаџмент ISO 50001 и 

1.1.6        Изработка на проекти за зголемување на продуктивноста, ефикасноста и ефективноста.

 

Финансиската поддршка е наменета за деловните субјекти за вршење на производствени дејности во рамки на секторот Преработувачка индустрија, согласно Националната класификација на дејностите – НКД рев. 2.

Деловните субјекти може да поднесат само едно барање од наведените активности.

При распределбата на средствата од дел II, област Б. Имплементација на индустриската политика, мерка 1, точка 1.1,  ќе се имаат предвид  критериумите согласно член 3 од Одлуката за класификација на планските региони според степенот на развиеноста  за периодот од 2013 до 2017 година.

Износот на трошоците на барателот кои ги надоместува Министерството за економија, ќе се зголеми за процентот на учеството на државната помош за регионален развој на соодветниот регион на кој припаѓа барателот.



Вкупно предвидени средства: 900.000


Области во кои е класифицирана мерката:
- Иновации и технолошки развој
- МСП и претприемништво
- Извозна промоција
- Еко производство и услуги
- Пристап до финансии


 
НОВОСТИ И СООПШТЕНИЈА
 
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 14-11-2017

 

РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
СООПШТЕНИЕ за продолжување на рокот на Јавниот повик за поддршка на патенти / 03-08-2016

СООПШТЕНИЕ
Министерството за економија ги известува заинтересираните физички лица дека рокот за аплицирае на објавениот ...
ЈАВЕН ПОВИК за организирање на специјализирани длабински технолошки обуки / 22-06-2016

  
 
 
РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
МИНИСТЕРСТВО ЗА ЕКОНОМИЈА
 
Врз основа на дел II, област ...
Иницијатива за пронаоѓање добавувачи од државите од Западен Балкан за германски производни компании / 15-04-2016



Германската стопанска комора во Македонија, заедно со останатите регионални комори во соседните земји, ...
Објавен Јавен повик за поддршка на брзорастечки фирми Газели преку грант до 615.000,00 денари по работодавач / 12-02-2016

Агенцијата за вработување на Република Македонија, врз основа на Оперативниот план за програми и мерки ...
Нови можности за финансирање на иновативни компании преку Европскиот инвестициски фонд (ЕИФ) и групацијата „ПроКредит“ / 09-02-2016

повеќе

повеќе новости и соопштенија  
 

Министерство за економија на Република Македонија

КОНКУРЕНТНОСТ.МК – Централен веб портал за информирање на деловната заедница за можностите за поддршка на конкурентноста
 

Веб порталот е изработен со поддршка на Проектот на УСАИД за унапредување на инвестирањето и извозот
Информациите објавени на оваа веб страна не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на Соединетите Американски Држави за меѓународен развој или на Владата на САД.